Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска и професорката на МИТ Универзитетот, Арлинда Кадри Шахиновиќ, денеска во македонското Собрание беа избрани за нови членови на Судскиот совет.
Тие беа предлози на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Претседателката има право да предложи двајца кандидати, осум членови избираат судиите од своите редови на непосредни избори, тројца членови избира Собранието, со Бадентерово мнозинство, а уште двајца членови предлагаат претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои немаат право на глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сузана Јошевска Анастасовска, која Силјановска Давкова ја предложи за член на Судскиот совет
Која е Арлинда Кадри Шахиновиќ, која Силјановска Давкова ја предложи за член на Судскиот совет












