„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската групација „Фор-ај-џи“ е избран за трет мобилен оператор, информираа од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Операторот беше единствениот кој се јави на тендерот за избор на трет мобилен оператор во Македонија.

За да стартува со работа во следните 10 денови, компанијата треба да го плати еднократниот надоместокот за трите фреквенциски опсези, во вкупен износ од 8.020.003 евра.

Компанијата за одобрението А1 треба да плати 4,2 милиони евра, за одобрението Б1, 1,5 милион евра, а за одобрението C1, 2,32 милиона евра.

По уплатата ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да стартува со работа веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постоечките оператори до изградба на своја инфраструктура.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести