Која е Јована Тренчевска, новата потпретседателка на СДСМ

На седница на Централниот одбор на опозициската СДСМ, вчера, актуелната пратеничка на партијата Јована Тренчевска и Александар Трајановски, кој е лекар, а беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром на последните локални избори, беа избрани за нови потпретседатели на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Тие се предлог на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а нови членови доби и Извршниот одбор на партијата.

Во раководството на партијата се врати и поранешната потпретседателка Ана Чупеска, која си поднесе оставка за време на последните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Ана Чупеска, потпретседатеката на СДСМ, која поднесе оставка

Која е Тренчевска

Тренчевска е поранешна министерка за труд и социјална политика. На таа позиција беше избрана во јануари 2022 година.

Пред да дојде на таа функција беше в.д. директорка на Државниот инспекторат за труд.

Образование

Тренчевска е родена во Струмица на 13. септември 1969 година.

Таа е дипломиран социолог, која своето обрзование го стекнала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дипломирала во 1994 година, а во 2012 година се стекнала со звање магистер по социолошки науки на истиот Универзитет, на Институтот за социологија.

Зборува англиски јазик, посетувала повеќе обуки и е коавтор на повеќе публикации и анализи, стои во нејзината биографија.

Професионална и политичка кариера

Од 2018 до 2020 беше државна секретарка во Министерство за труд и социјална, а во 2018 година беше раководителка на Одделението за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности при Министерство за труд и социјална политика.

Од 2003 до 2018 година ја извршуваше функцијата советничка за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности при Министерство за труд и социјална политика.

Од 2000 до 2003 беше координаторка на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација на жени Струмица, програма на Македонски центар за меѓународна соработка.

Фото: Фејсбук/Тренчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести