Опозициската СДСМ е во фокусот поради лошите резултати од локалните избори, но и поради оставки на нејзини функционери.
Прва оставка уште во изборниот молк во второт круг од изборите поднесе една од потпретседателките Ана Чупеска, а по завршувањето на изборите и Костадин Ацевски, претседател на општинската организација на партијата во скопската општина Ѓорче Петров, кој и беше кандидат за градоначалник на Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И претседател на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка
Чупеска поднела оставка меѓудругото поради „суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата“.
Претседателот на партијата, Венко Филипче, пак по завршувањето на изборите повтори дека нема да поднесе оставка, бидејќи мал период бил на таа функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потпретседатеката на СДСМ, Ана Чупеска си поднесе оставка
Која е Чупеска
Родена е во 1981 година во Скопје.
Таа е редовна професорка на факултуетот за политички науки при Правниот факултет “Јустинијан Први” на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Чупеска е доктор по политички науки и магистер на науки по меѓународна политика, а нејзиниот научен интерес ротира околу прашањата за мултикултурализмот, групноспецифичните права и конфликтите на идентитети, демократијата, популизмот, авторитаризмот, меѓународните политички односи, стои во нејзината биографија.
Таа е член на научниот совет во Европската фондација за прогресивни политики (FEPS) со седиште во Брисел, организација која креира политики за левото семејство на политички партии во рамките на Европскиот Парламент.
Уредник е во неколку меѓународни академски журнали. Автор е и на неколку книги и на други публикации од релевантните научни и стручни области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е во раководство на СДСМ, за кое Филипче најави кадровски промени
СДСМ во вториот круг освои тројца градоначалници, вкупно шест
Резултатот не е посакуван, ама Филипче нема да си поднесе оставка
Фото: СДСМ














