Јорго Ќука, поранешниот директор на ОХИС е прегазениот човек кој почина

Поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука е човекот кој почина вчера откако претходно возејќи велосипед беше прегазен од возило на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Тој беше тешко повреден во несреќата, а подоцна во текот на денот почина.

Имаше 78 години, а го водеше поранешниот македонски, но и југословенски гигант од хемиската индустрија, во неговите најубави времиња.

Тој беше инженер-технолог и долгогодишен директор на ОХИС.

Роден е во 1947 година во Крушево, а директор на ОХИС стана во 1987 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен возачот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ и побегна

Возач усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести