И претседател на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

И Костадин Ацевски, претседател на општинската организација на опозициската СДСМ во скопската општина Ѓорче Петров, кој и беше кандидат за градоначалник на Општината, поднесе неотповиклива оставка од партиската функција.

Како што вели во видео обраќање истата ја поднел поради лошите резултати на локалните избори.

Бара оставки да поднесат и лидерот на партијата, Венко Филипче и целото раководство.

Филипче и вчера повтори дека нема да си поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпретседатеката на СДСМ, Ана Чупеска си поднесе оставка

Оставка за време на изборниот молк пак поднесе потпретседателката на партијата Ана Чупеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ во вториот круг освои тројца градоначалници, вкупно шест

Кој се е во раководство на СДСМ, за кое Филипче најави кадровски промени

Резултатот не е посакуван, ама Филипче нема да си поднесе оставка

Фото: Фејсбук/Ацевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести