Пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за Општината Аеродром, се новите потпретседатели на СДСМ.
И двајцата се избрани како предлози на лидерот Венко Филипче на вечерашнава седница на Централниот одбор на партијата.
Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови е и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
Генерален секретар останува Александар Димитриевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски.
Во раководството се враќа и поранешната потпретседателка Ана Чупеска, која ќе го предводи новиот совет на партијата.
Александар Давчевски е избран за претседател на Градската организација на СДСМ.
Венко Филипче ги предложи и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов за членови на Извршниот одбор.













