Тројца од 203. повредени лица во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ се уште се лекуваат во странство, а како што информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, тие се во стабилна здравствена состојба.
Двајца од нив се лекуваат во Турција, а еден во Словенија.
Во Македонија во Клиничкиот центар на Пластична хирургија пак има повредени кои се лекуваат поради длабочината на повредите. Нивната здравствена состојба е стабилна.
Други пак двајца повредени се лекуваат во приватната болница „Систина“.
На Пониква на рехабилитација е првата група на повредени. Со нив работат пет физиотерапевти, специјалист физијатар и општ хирург.
Втората група на повредени ќе оди таму најверојатно од втората половина на јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ