Во финална фаза е изградбата на телекомуникациската кула на Водно, а засега е нејасно дали на истата ќе има и ротирачки ресторан, како што првично беше најавено, кога истата почна да се гради во 2013 година.
Според досегашните информации од Агенцијата за електронски комуникации, познато е дека на истата има ротирачки прстен на кој се планира да се постават маси за да граѓаните можат да уживаат во прекрасната глетка на Скопје и околината, но е нејасно дали тоа ќе биде ресторан или нешто слично, кој ќе биде достапен за секој или за нешто друго.
Познато е дека прстенот ќе може да се врти 360 степени.
Во јавноста веќе се поставува и прашањето дали нејзиното отварање ќе значи и сообраќај до врвот на Водно, што секако ќе го наруши балансот за уживање во природа.
Кулата кога целосно ќе биде завршена треба да биде висока 155 метри, а на истата ќе биде поставен посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции. Истата има четири платформи кои ќе бидат наменети за полицијата, војската, за радиодифузија и за туристите.
Кулата е тестирана во лабораторија во Фиренца, Италија, и има издржливост на ветрови од 160км /ч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Телекомуникациската кула на Водно во „завршна фаза“
Фото: АЕК