Вчера почна со работа „Охрид Мол„ во Охрид.
Истиот се протега на површина од над 17.000 метри квадратни, а се очекува да креира 200 работни места.
Инвеститорот и сопственик на „Охрид Мол“ е Влатко Богоевски.

– Се надевам имаме не само модерен трговски центар, туку и место каде што граѓаните на Охрид ќе се чувствуваат пријатно, ќе креираат убави спомени, ќе купуваат и ќе се забавуваат, истакна Богоевски на отварањето.
„Охрид Мол“ освен бројни продавници за облека, на домашни и странски брендови, има и богата гастрономска понуда, специјален простор за забава на најмладите, супермаркет, аптека, банка…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои брендови ќе бидат застапени: Охрид Мол се отвора во среда
„Охрид Мол“ располага со сопствен паркинг за над 200 возила.












