Макпромет АД Штип во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 956 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Друштвото за овој период има оперативни приходи од 32.951 илјадa денари и оперативни расходи од 31.995 илјади денари.