Централна кооперативна банка АД Скопје во второто тримесечје од 2025 година остварила добивка од 10,23 милиони денари, информираше Банката преку Македонската берза.
-Во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 13% во однос на истиот период минатата година. Додека остварените расходи за камати во известувачкиот период се повисоки за 7% во однос на планираните, велат од таму.
Банката остварила повисоки вкупни приходи од камати за 6% во споредба со истиот период минатата година.
-Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истиот период претходната година од 2%.
Во јуни 2025 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 6% во однос на истиот период минатата година, но во однос на планот се повисоки за 10%.
Зголемените расходи за провизии од 11% придонесоа кон намалување на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 4%, во однос на истиот период претходната година, додека во однос на планот се пониски за 21%.
Позицијата трошоци за вработените бележи пораст во однос на истиот период претходната година и е за 1% пониска во однос на планираните.
Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 6% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 12%.
Останатите приходи од дејноста се повисоки од планираните за 30%, и се за 16% повиски во однос на истиот период од 2024 година.
Во второто тримесечје од 2025 година реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 9% во однос на истиот период минатата година.
Расходите заамортизација се повиски во однос на истиот период минатата година за 68%, и се 27% повиски во однос на планираните, поради промена на начинот на евидентирање и примена на новиот стандард МСФИ16.
Позицијата депозити на други коминтенти бележи пораст во однос на крајот од годината од 10%, и раст во однос на планот за 5%, што се должи на зголемување на депозитната база како последица на зголемување на каматните стапки, велат од таму.