Пелистерка АД Скопје во првите девет месеци од годината остварила вкупна сеопфатна добивка од 7.996 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Истата е помала споредено со лани истиот период, кога изнесувала 9.788 илјади денари.
За овој период Друштвото има оперативни приходи од 378.153 илјади денари и расходи од 340.539 илјади денари.













