ТТК Банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава имала нето-оперативен приход пред исправка на вредност од 47,4 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи од 279,6 милиони денари и оперативните трошоци од 232,2 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Во истиот период, исправката на вредност на финансиските средства на нето-основа изнесува 8,4 милиони денари. Финансискиот резултат заклучно со 30.6.2025 година е позитивен и изнесува 39 милиони денари.
Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2025 до 30.6.2025 година изнесуваат 172 милиони денари и бележат пораст од 0,8% во однос на истиот период од претходната година.
Порастот во најголем дел се должи на зголемените каматни приходи од секторот Домаќинства и Банки и Финансиски институции, при остварен раст и на приходите од камати од секторот Стопанство.
Во однос на планот, нето-приходите од камати се остварени со 97,7%.
Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 77,5 милиони денари.
Доминантно учество во генерирањето на приходите од провизија имаат провизиите од платниот промет во земјата со 51,7%, како и провизиите од картично работење со 28%. Во однос на планот, нето-приходите од провизии за овој период од годината се остварени со 92,2%.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 23 милиони денари и се повисоки во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства во тековната година. Во однос на планот се остварени со 84,8%.
Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 232,2 милиони денари и се за 17,2% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, на повисоките трошоци за плати и вработени.
Оперативните трошоци за овој период од годината се во согласност со планираното ниво, односно за 0,6% пониски.
Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 8,4 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слаѓан Михајловски именуван за член на НО на ТТК Банка