Во првите шест месеци од годинава Факом АД Скопје и Факом Монтажа ДООЕЛ оствариле нето загуба од 122.001.000 денари, информираа од таму преку Македонската берза.
-Ова се должи пред се на продолжен турбулентен период и во 2025 во работењето на друштвата. Изминатата 2024 година беше слаба економска година, која треба брзо да се надмине.
Нарушувањето на ланците на снабдувањето предизвика раст на цените на материјалите, електричната енергија и другите енергенси, а инфлацијата предизвика рецесија на пазарот во Европската унија, додека во блиското окружување предизвика голем недостиг од квалификувана работна сила, која го забавува растот на компаниите, велат од таму.
Вкупните оперативни приходи на Друштвото изнесуваат 199.130.000 денари, а вкупните приходи од продажба 180.205.000 денари.
Факом и Факом Монтажа за овој период оствариле оперативни расходи од 315.057.000 денари.