Цените на недвижностите во Скопје, но и во други градови низ земјава, од 2022 година се во постојан раст, а последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности, покажа дека цената на становите во Скопје продолжува да руши рекорди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Податоците се однесуваат за периодот од октомври до декември лани, а во тој период најскапо продадениот стан во земјава е во скопски Центар. Станот од 83 метри квадратни е продаден за 246.171 евра.
Податоците пак на спецјализираниот портал cenakvadrat.com покажуваат дека метар квадратен во Скопје најмногу чини во општините Карпош, Центар и Аеродром.
Просечната цена на квадрат во Центар и Карпош надминува 2.000 евра, а и во Аеродром се приближува до таа сума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дански инвестициски фонд купил 40 станови во Скопје
Цената на становите во Охрид пораснала за 27%
Цената на становите во Струмица пораснала за 20%, метар квадратен достигнува и до 1.300 евра
Илустрација: cenakvadrat.com














