Вчера Советот на јавни обвинители ги избра обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески за нови виши јавни обвинители.
Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за виши јавни обвинители
Освен нив во трка за оваа позиција беа и обвинителите Александар Маркоски, Марија Ѓоргева, Сања Бурјакоска-Китановска, Зоран Маркоски, Љубомир Лапе, Јасмина Костеска-Здравеска и Спасенка Андонова.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Јакимовски според податоци на mkopen.org, кога бил јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Каков имот пријавил
На свое име има возило “форд фокус“, како и два кредити, кои според тогашните податоци треба да се вратени.
На име на сопругата исто така пријавил кредит и хипотека.

Како заеднички имот пријавил деловен простор во Крива Паланка, шума, ливада, пасиште, земјоделско земјиште, овошна градина, како и куќа во Крива Паланка, а се е подарок.
Целосен преглед ОВДЕ.