По 20 години работење во Народната банка, сега веќе поранешната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, заминува од институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 20 години искуство, Анита Ангеловска-Бежоска заминува од Народна банка
Нов гувернер е Трајко Славески, кој беше единствениот кандидат за таа функција.
еМагазин разгледа каков имот пријавила Ангеловска Бежоска кога станала гувернерка.
Каков имот пријавила
На свое име има стан во скопски Центар од 94 метри квадратни, а на име на сопругот пријавила уште два станови во Центар, од по 129 и 85 метри квадратни.

На свое име пријавила и земјоделско земјиште во Катлановска Брезница и Бадар и друг недвижен имот во скопски Карпош, кои се од наследство.
На име на сопругот пријавила градежно изградено земјиште во Волково, кое е подарок.
На свое име нема возило, а на име на сопругот пријавила две, тојота и хонда.

На свое име пријавила и животно осигурување и државни обврзници, а на име на сопругот акции во ФЗЦ 11 Октомври, Стопанска банка Битола, РЖ Услуги, Жито лукс и ЗК Пелагонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на Народната банка
Фото: Народна банка