Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
За време на викендов исто време. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Фото/Unsplash














