Скопското Кале, една од најголемите туристички атракции на Град Скопје, конечно е исчистено и уредно, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Но, Калето кое се наоѓа и на грбот на Град Скопје, со месеци не е осветлено, како што беше порано и беше видливо од повеќе страни на градот.
еМагазин вчера праша во Град Скопје, зошто тоа е така, но не добивме одговор.
Зошто Калето не е осветлено со месеци не добивме одговор и од претходното раководство на Градот.
Фото/видео: Град Скопје













