Од 10 до 12. октомври во Велес ќе се одржи традционалната “Питијада 2025”.
Во музичкиот дел на 10. октомври, петок, ќе настапат групата Соната и специјалниот гостин Перо Христов, а по нив следуваат 2 Бона, Куку Леле и Калиопи.
Во сабота, на 11. октомври, ќе настапат Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски и хрватската пејачка Северина.
Во недела, на 12. октомври, ќе настапат Анета Љумаковска, Либеро Бенд, Викторија Лоба и Бајага и Инструктори.
Фото: Промо