Оваа сабота, 31. мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан, информираат од таму.
-Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20. јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладите и подароци – идеално за целото семејство!
Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.
НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина, велат од таму.