Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, осудена за случајот „Рекет“, излезе од затвор.
Таа како што објави порталот Сакам да кажам, добила уловен отпуст и треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека не ѝ истече целосно 7-годишната казна.
Од затворот Идризово, во кој беше од 2021 година, излегла на почетокот од неделава.
Јанева беше осудена за земање мито (кауч) и за наводно неколку илјади евра, заедно со Бојан Јовановски -Боки 13, кој пак беше осуден во истиот случај за “рекет“ од милион евра земен од тогаш осомничен во случајот “Империја“, бизнисменот Орце Камчев, и за наводно влијае врз Јанева да му понуди спогодба и да не оди во затвор.
Откако беше осудена заврши и на на т.н. црна листа на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Боки 13 го објави првиот дел од документарецот “Рекет“
САД подготвува нова „црна листа“ за Западен Балкан, кој сè од Македонија моментално е на неа












