Казна од 45 евра ќе добиете ако од денеска до 15. март следната година немате зимска опрема.
На возилата до 3.500 килограми им се потребни зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.
На возилата пак со погон на сите тркала (4х4) им се потребни зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег.
Возилата над 3.500 кг треба да поседуваат зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег.
Автобусите и товарните возила мора да носат и прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.














