Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција

Грција воведува ригорозни казни за возачите кои разговараат на мобилен телефон додека возат.

Наместо одземање на возачката дозвола на два месеци ако полицијата ве фати дека возите и зборувате на мобилен телефон, со ново законско решение сега се воведуваат казни од илјадници евра, но и затворска казна ако притоа предизвикате сообраќајна несреќа.

Според новото законско решение првиот пат кога ќе ве фатат во ваква ситуација казната е 350 евра, а вашата возачка дозвола ќе биде одземена еден месец. Доколку тоа ви се случи вторпат казната е 1.000 евра и добивате шестмесечна забрана за возење, а по третпат казната е 2.000 евра, а забраната за возење е една година.

Ако пак употребата на телефонот доведе до сообраќајка, казната може да биде до 4.000 евра, а возачката дозвола ќе ви биде одземена до осум години. Доколку несреќата има сериозни последици, може да добиете затворска казна од 10 години за тешка телесна повреда, а до 20 години за смрт.

Доколку пак во сообраќајката се повредени повеќе од едно лице, можна е дури и доживотна казна затвор.

Законот важи и за туристи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од илјадници евра доколку возите и зборувате на мобилен во Грција, во Македонија казната е само 45 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести