Казни од 350 и до 4.000 евра и одземање на возачката дозвола со ново законско решение воведува соседна Грција ако зборувате на мобилен телефон додека возите, а ако предизвикате сообраќајна несреќа, правејќи го тоа, ви се закануваат и затворски кази од 10 до доживотен затвор, ако има една или повеќе жртви во сообраќајката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција
Зборувањето на мобилен телефон додека се вози е сериозен проблем и во Македонија. Бројни возачи тоа го прават секојдневно, со што ги загрозуваат пешаците, но и сите други учесници во сообраќајот.
За разлика од Грција, во Македонија казната за зборување на мобилен телефон додека некој вози е само 45 евра, односно на возачот му се регистрираат 25 негативни бодови.