Ќе се казнува од 1. јануари: Од денеска камерите на „Безбеден град“ снимаат сообраќајни прекршоци

Од денеска камерите на електронскиот систем „Безбеден град“ ќе снимаат сообраќајни прекршоци, а Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе казнува од 1. јануари.

До тогаш лицата кои ќе направаат сообраќаен прекршок ќе добиваат само опомена.

Првично ќе се евидентираат прекршоци како што се возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, погрешно престројување, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а потоа листата ќе се прошири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести