Македонската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија, а каратето како спорт има долгогодишна успешност и традиција. Тоа што го одделува од другите боречки спортови е податокот дека по број на освоени медали од сите видови меѓународни натпреварувања, особено од официјални и универзитетски европски и светски првенства, каратето по број на освоени медали рангиран е како спорт број еден во Македонија.
За тоа дека е најмасовен и традиционално студентски спорт и дека има најголема традиција на успешност, говори и бројот на вкупно освоените медали од учествата на универзитетските натпревари кои се одржуваат секоја година. За временскиот период од 2004-2025 година, на универзитетските првенства, Македонските карате репрезентативци освоиле вкупно 64 (шеесет и четири медали). Или поточно освоени се 16 (шеснаесет) златни медали, 21 (дваесет и една) сребрена медала и 27 (дваесет и седум ) бронзени медали.

Од учествата на Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, во периодот од 2004-2025 година, репрезентативците од редовите на карате клубот Макпетрол, освоиле вкупно 73 медали од кои 20 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали. Овие освоени медали само од Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, го ставаат Карате клубот „Макпетрол”, убедливо и скоро недостижно на првата позиција на најтрофејни клубови.

Од учествата на Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, во периодот од 2004-2025 година, репрезентативците од редовите на Карате клубот Макпетрол, освоиле вкупно 73 медали од кои 20 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали. Овие освоени медали само од Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, го ставаат Карате клубот „Макпетрол”, убедливо и скоро недостижно на првата позиција на најтрофејни клубови.
Бројот на медали е повисок од официјално освоените 64 медали, тоа е така затоа што екипните тимови кои освојувале медали биле составени од спортисти на овој клуб. Да имате континуирано во своите состави, повеќе од две децении , спортисти кои се сениори и истовремено и студенти и тоа во двата тима, машкиот и женскиот тим , зборува за посветеноста , доследноста, упорноста и успешноста , на овој реномиран и докажан во европски и светски рамки, спортски колектив.
Каратисти од К. К. Макпетрол најбројни како освојувачи на медали од Светски универзитетски првенства:
До сега во македонската карате историја од светски универзитетски првенства, кои се во организација на Светската студентска универзитетска федерација FISU и WKF (Светската карате федерација) македонските каратисти освоиле вкупно 16 (шеснаесет) медали.
Овие светски универзитетски медали, имаат многу висока вредност и се ставаат во групата на најголеми врвни спортски успеси. По законот за спорт на Македонија, освоен медал од овие првенства се наградува од страна на државата, односно спортистот кој освоил медал се стекнува со титула „Спортист од Светска категорија на “Р.С. Македонија”.
Универзитетските постигнувања, допринесоа клубот да има вкупно 14, каратисти кои добија титула за врвни спортски постигнувања од Светска категорија на Р. Македонија.
„Тоа за нас има големо значење бидејќи репрезентацијата е иста, тие спортисти кои освојуваат медали и на официјалните европски и светски натпревари, освојуваат медали и на универзитетските првенства. Придобивките се многу големи и за нас тренерите, клубвите, федерацијата но и за спортистите.
На овој начин подолго ги задржуваме овие млади и успешни луѓе во спортот, тие имаат поголем мотив да бидат активни спортисти и со тоа и најголеми амбасадори кои ја претставуваат Македонија на сите натпревари. Бројките на освоени медали, кои за прв пат ги споделуваме, покажуваат дека каратистите на Макпетрол секогаш биле во најголем број членови на репрезентациите и секогаш биле врвни спортисти и медалисти,“ велат од клубот.
Во поединечна конкуренција од страна на спортистите на Макпетрол, од учествата на Светските универзитетски првенства освоени се вкупно четири медали и тоа од: Сашко Патраклиев -70кг – бронзен медал, Симона Заборска -55 кг– сребрен медал, Наташа Стефановска -61кг – сребрен медал и Давид Петков -67кг – бронзен медал.
Во екипна конкуренција успешноста е поголема бидејќи тимовите во составите секогаш имале од спортисти кои биле членови на Макпетрол. Спортисти-ки, кои учествувале како составен дел во тимовите кои освоиле медали а биле членови на К.К. Макпетрол, се вкупно 14 (четиринаесет), каратисти кои имаат освоен светски медал : Спортисти кои освоиле медали во екипна конкуренција се: Спасо Илиевски – сребрен медал, Симон Антич – сребрен медал, Симона Заборска – бронзен медал, Наташа Стефановска – бронзен медал, Моника Стефановска – бронзен медал, Сара Радичевска – бронзен медал, Петар Спасеновски – сребрен медал, Давид Петков – сребрен медал, Петар Заборски – сребрен медал, Глигор Петков – сребрен медал, Ангела Мојсовска – сребрен медал, Викторија Јовановска – сребрен медал, Моника Пендаровска– сребрен медал, и Марија Петровска – сребрен медал.
„Министерството за спорт треба да стави повеќе натпревари кои ќе ги признава како врвни спортски успеси од едноставна но многу значајна причина, бидејќи во текот на својата спортска кариера, македонските каратисти го имаат предизвикот на двојната кариера. Тоа што го прави успехот уште поголем е фактот што овие млади луѓе не се само студенти, туку и врвни, елитни спортисти, членови на сениорската карате-репрезентација.
Нивната способност истовремено да ги исполнуваат напорните обврски на факултетот и да одржуваат тренинзи на највисоко ниво е доказ за нивната неверојатна дисциплина и посветенос. Ако Министерството за спорт, покрај Светското универзитетско првенство, во рангираните критериуми за натпревари кои се вреднуваат за врвни резултати ги додаде во своите „Правилници” и постигнувањата од европските универзијади тогаш македонските сениори подолго ќе ги задржиме како активни спортисти.
Европските универзијади се елитни првенства, многу масовни и квалитетни и не заостануваат со ништо од официјалните европски и светски натпревари. Европските универзијади редовно имаат над 5.000 спортисти учесници, кои се натпреваруваат во 22 спорта, со преку 40 европски држави, кои редовно учествуваат.
Успехот на македонските каратисти на европските и светските универзијади е многу повеќе од само спортска вест; тој е инспиративна приказна за младите во Македонија. Тој е доказ дека со напорна работа, жртва и посветеност, може да се постигнат врвни резултати и на академско и на спортско поле. Овие млади луѓе се вистински амбасадори на својата земја и пример кој треба да се следи.
Успехот е и продолжение на долгата и успешна традиција што Македонија ја има во карате спортот, и доказ дека и во иднина можеме да очекуваме нови шампиони. Во време кога често доминираат негативни вести, успесите на овие студенти-спортисти се зрак на надеж и причина за национална гордост,“ додаваат од клубот.