Во Кочани вчера се одржа нов „Марш за ангелите“ во организација на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“, а подршка им дадоа пријатели и граѓани.
Родителите побараа трагедијата да не заглави во административните архиви, а институциите да ја забрзат постапката, за која изразија незадоволство како се води.
-Нашите ангели заслужуваат правда сите, а ние ја заслужуваме вистината, затоа ве молиме побрзајте со постапките, слушнете ја нашата болка за ова да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, порачаа меѓудругото родителите.
Посочија и дека не се под влијание на ни една партија и ги отфрлија обвинувањата на социјалните мрежи дека тие се одговорни за трагедијата со тоа што им дозволиле на децата да одат во т.н. дискотека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде во Скопје
Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: M-Net