На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ сведочеше и Трајче Димишковски, кој од 2023 до 2025 година работел во агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека.
Тој меѓу друго кажа дека незнаел кој му бил статусот на обвинетиот Александар Нацев, кој Основното јавно обвинителство го смета за реален сопственик на „Рубикон“.
Рече дека Нацев понекогаш се појавувал за да помогне во координација на луѓето и давал насоки за поставување.
Димишковски рече и дека незнаел каде биле канцелариите на агенцијата, подвлекувајќи дека истата имала канцеларии, а тој најчесто се среќавал лично со Нацев.
Кога не бил присутен тој насоки за распоред на луѓето давал Јане Јанчевски, исто така обвинет во случајот.
Рече и дека покрај редовните задачи за обезбедување, добил и овластување за потпишување на платите и фактурите. Платите му биле доставувани готови од книговодствено биро, а неговата улога била само да ги потпише и да ги предаде во банка.
Вработените во агенцијата комуницирале и преку Вибер групи.
Судењето продолжува на 17. март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














