Дел од членовите на криминалната група “Грчец“ вчера беа осудени на затворски казни. Неколку членови на групата се уште не се достапни на органите на прогон, меѓу кои и лидерот Шеваљ Муареми, кој е во Обединетите Арапски Емирати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од криминалната група „Грчец“ осудени на 50 години и шест месеци затвор
Затворски казни добија Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани. Тие се прогласени за виновни за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор од пет години, а Асани на шест години казна затвор.
Фати Сулејмановски пак доби затворска казна од една година и шест месеци за злосторничко здружување и 14 години затвор за убиство или една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.
Шулејб Сулејмановски доби затворска казна од две години за злосторничко здружување и 14 години за убиство или една единствена казна затвор од 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Косово уапсен Дритон Ибиши од криминалната група „Грчец“, ќе биде ли екстрадиран во Македонија?
Фото: Влада