Од Македонски телеком АД Скопје преку Македонската берза информира дека ги добиле предлозите од Владата, која е сопственик на 34,81% од акциите на Друштвото, вклучувајќи ја и златната акција, за нејзини преставници во Одборот на директори на Телеком.
Предлози на Владата се Сашо Димитријоски, Иван Митровски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани.
Тие ќе дојдат на местото на Игор Милев, Нина Ангеловска, Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу, кои се отповикани.
За новите предлози ќе се гласа на престојното акционерско Собрание на 30. мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ