Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

Вчера беше поднесено обвининие за сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски, кој е и почесен конзул на Белорорусија во Македонија, двајва вработени во фирмата, за фирмата и за поранешни директори и раководители на подружници во РЕК Битола, за злоупотреби со јавни набавки во Комбинатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“, што се му заплени Обвинителството?

Освен тоа на Марковски му се запленети 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград, Србија, и над 500.000 евра на сметки во домашни банки.

Марковски, вработените во Марковски компани и фирмата се товарат за злоупотреба на постапка за јавен повик или јавно-приватно партнерство

Поранешните директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и поранешниот директор на Комбинатот, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Марковски, газдата на Марковски компани има фирма и во Србија, и таму добивал тендери

Која е фирмата Марковски компани

За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а станува збор за фирма која во континуетиет добиваше тендери со високи суми на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје (во чиј склоп работи РЕК Битола) во изминативе години.

Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.

Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.

Кој е Марковски

За Борче Марковски исто така се знае многу малку.

Тој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој редок скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина).

Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растеа.

Милионски договори

Фирмата Марковски компани и стана позната на јавноста по бројните тендери кои ги доби пред се во РЕК Битола.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објавено во јули 2024 година покажа дека во изминативе пет години Марковски компани склучила вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра.

Во 2024 година фирмата доби и тендер вреден 46 милиони евра, кој подоцна беше раскинат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија

Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести