Дејан Проданоски е новиот градоначалник на Општина Прилеп.
Тој беше избран за градоначалник во првиот круг од локалните избори.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Проданоски
Роден е на 14.04.1981 година во Прилеп.
Основното и средното образование завршил во Прилеп.
Дипломирал за сообраќаен инженер на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Техничкиот факултет.
Работно искуство и политичка кариера
Првото работно искуство му е во Државниот архив – Прилеп, каде што од 2012 до 2017 година бил раководител на одделение.
Во 2024 година станал пратеник во Собранието на Македонија, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Бил и претседател на пописната комисија за попис на населението во 2011 година, член на Советот на Општина Прилеп, од 2017 до 2021 година, како и претседател на Советот на Општина Прилеп од 2021до 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Кој е Иван Јорданов, старо-новиот градоначалник на Штип
Фото: Фејсбук/Проданоски














