Актуелниот градоначалник на Општина Охрид, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков е реизбран на функцијата во првиот круг од локалните избори.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Пецаков
Роден е на 6. јули 1985 година во Охрид.
Основно и средно образование завршил во Охрид, а високо образование завршил на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ во Скопје.
Специјализирал на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје и се стекнал со називот Специјалист по детска и превентивна стоматологија.
Политичка кариера
Во два мандати бил дел од Советот на Општина Охрид, од 2009 до 2013 година и од 2017 до 2020 година.
Од 2020 до 2021 година бил пратеник во Собранието на Македонија.
На 31.10.2021 година за првпат стана градоначалник на Општина Охрид.
Тој е сопруг и татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат
Фото: Општина Охрид














