Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена Скопје поради несобраниот смет во главниот град на Македонија, Скопје е во фокусот на јавноста.

Наместо претпријатието да го собере сметот, тоа на своја рака го прават скопските општини, а помош испратија и општините Куманово и Кавадарци.

Во меѓувреме микробиолозите предупредија и на ширење на повеќе болести, поради глодарите, кои почнаа да се шетаат по градот, а 10-годишно дете беше каснато од глушец на детско игралиште во Капиштец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје

Владата нареди вонреден надзор во Комунална хигиена, кој треба да го направат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, но засега нема официјални информации дали истиот е направен и што констатирале инспекторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје

За случајот се заинтересира и Основното јавно обвинителство, од каде меѓудругото информираа дека јавен обвинител издал наредби до Министерството за внатрешни работи и до другите надлежни органи итно да постапат и да извршат проверки за работењето на Комунална хигиена. Дали и тоа се случило засега нема официјална информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сабахaдин Рустеми, директорот на Комунална хигиена

Кој раководи со претпријатието

Директор е Сабахaдин Рустеми. Директори во јавните локални претпријатија се избираат по предлог на градоначалникот на Град Скопје. Во случајов тоа е градоначалничката во заминување Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат смени по неколку пати директори на јавните претпријатија.

Членовите на Управниот и Надзорниот одбор на јавните претпријатија со одлука ги избира Советот на Град Скопје.

Во Управниот одбор се Јулијана Спировска, која е претседател, Ерџан Демир, Христина Јованоска, Анета Гоцева, Тодор Шоптрајанов, Јане Поповски, Персида Отовиќ Стојановска, Гордана Велковска, Мируше Лумани Јашари, Теута Џафери, Лумние Хаскаи и Влатко Кметовски.

Во Надзорниот одбор се Горан Здравковски, кој е претседател, Ангела Тарчуговска Латиновска, Кристина Апостоловска, Цветко Николовски и Љуљета Красничи Билали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10-годишно дете каснато од глушец на игралиште во Капиштец, глодари поради сметот шетаат низ Скопје

Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје

„Стаорците нема да чекаат втор круг на избори“, предупредува за сметот во Скопје докторот Пановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести