Пилјарата „Кај Кецот“ од Гевгелија која во 2022 година започна хуманитарна акција за донирање на храна за тие што немаат, која се уште е во тек, стартуваше со нова.
-Хуманитарна акција, закачалка на добрината под мотото „Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“ и кој има храна, нека постапи исто така.
Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите, соопштија од таму на нивната Фејсбук страна.
Акцијата доби бројни пофалби, а се надеваме дека и други ќе се инспираат од истата.
Фото: Фејсбук/Кај Кецот













