Кој ќе биде наследник на Коцевски: Пет кандидати се пријавиле на огласот

На огласот што го распиша македонското Собрание за наследник на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка, се пријавиле пет кандидати.

Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ.

Кандидати за нов републички јавен обвинител се обвинителката Анита Тополова Исајловска, која моментално е вршител на должност на оваа функција, обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство, Ленче Ристоска, обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, судијата од Основен кривичен суд Скопје, Ненад Савески и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Листата со кандидати сега Собранието треба да ја испрати до Владата, а потоа Владата ќе побара и мислење од Советот на јавни обвинители.

Не може да се избере кандидат ако Советот не го оцени позитивно.

Откако ќе заврши овој дел од законската процедура, Владата до Собранието дава предлог за именување на републички јавен обвинител, а за негов избор се гласа во Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Каков имот пријавила Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Каков имот пријавил Љупчо Коцевски, републичкиот јавен обвинител кој поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести