(Фото) Кој освен Мицкоски е во Давос

На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, македонската делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ќе ја преставува Македонија: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

Од Владата не соопштија кој се е во македонската делегација, а првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, сам информираше дека и тој ќе учествува на Форумот.

Во Давос се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, надворешниот советник на Мицкоски за стратешки прашања од областа на економијата, Владимир Пешевски, како и шефот на неговиот Кабинет, Владимир Нелоски, се гледа на фотографијата која од Давос ја објави Мицкоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И првиот вицепремиер Сали оди во Давос на Светскиот економски форум

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести