Кој се е обвинет во „Адитив“

Вчера во дигиталната судница на затворот Идризово започна судскиот процес за случајот „Адитив“, кој се однесува на перење пари и злоупотреба при јавни тендери за набавка на додатоци за јаглен за потребите на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Сите обвинети се изјаснија за невини, а од Основното јавно обвинителство побараа осудителна пресуда, но и конфискација на имотот на обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите обвинети во „Адитив“ не се чуствуваат виновни, Обвинителството освен осудителна пресуда, бара и конфискација на нивниот имот

Кој се е обвинет

Во случајов се обвинети 31 физичко лице, меѓу кои има и цели семејства, како и пет правни субјекти.

Меѓу обвинетите се и двајца поранешни директори на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, а за кој Обвинителството побара да му се суди во отсуство и Васко Стефанов, кој е во притвор.

Други обвинети се Маја Јорданова, Адријан Муча, Данчо Стојановски, Небојша Стојановиќ, Пеце Матевски, Милица Стојановиќ, Пецо Стојановски, Мирко Стојановиќ, Ранко Стојановиќ, Драган Силјановски, Пеце Чалески, Зоран Наумовски, Снежана Макариоска, Мира Василевска, Владо Мицески, Стојан Мицкоски, Неџбудин Нуредини, Драган Чакароски, Дијана Савеска, Влатко Алексовски, Александра Стојановска, Игор Алексовски, Велимир Алексовски, Сузана Алексовска, Тошо Матески, Златко Трпески, Васко Јосифовски и Александар Пасков.

Меѓу обвинетите правни лица пак се „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести