Кој ќе настапи во Скопје за дочекот на Нова Година

За дочекот на Нова Година на 31. декември на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара и Пајак, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Два Бона, Куку Леле…

Нив ќе ги плати Државна лотарија, а украсувањето на градот ќе чини околу 70 илјади евра, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На дочекот ќе нема огномет.

Почнувајќи од денеска до 31 декември, секојдневно од 18 часот, граѓаните ќе можат да уживаат во богата програма со музички настапи, ди-џеј сетови, уметнички перформанси…

Секој ден од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на најмалите, со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања.

Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27. декември со доаѓањето на Дедо Мраз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Новогодишно се украсува плоштадот „Македонија“, вечерва стартува програмата во Скопје

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести