Пред неколку денови српската компанија Bard-Kop ДОО Белград купи нови 2.700 акции издадени од македонската градежна компанија Гранит АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската Bard-Kop купи нови 2.700 акции на Гранит
Сега таа поседува 5,61% од вкупниот број на акции со право на глас на Гранит.
По неа акции купија и преставниците на фамилијата Милковски во Гранит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членови на менаџментот на Гранит купија акции на компанијата
Страшо Милковски, кој е претседателот на Управниот одбор (УО) се стекна со 8.760 обични акции, Зоран Милковски, кој е член на УО се стекна со 12.300 обични акции, а Ивана Милковска – Симева, која е претседател на Надзорниот одбор се стекна со 14.716 обични акции.
Која е Bard-Kop
Според информации кои можат да се најдат во српските медиуми, станува збор за мала фирма, основана во октомври, 2019 година, која се занимава со изградба на патишта и автопати.
Сопственик и директор е Љубица Ракиќ.
Изминатиов период членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит во неколку наврати купуваа акции на компанијата, а Сава пензиско друштво пак ги продаде акциите во Гранит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранит со намалена добивка во третиот квартал














