Сервис Петрол ДОО Скопје, откако стана нов, доминатен сопственик, на Фабрика Карпош АД Скопје, купувајќи 74,89% од вкупниот број на акции, сака целосно да го преземе Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Фирмата, како што објави еМагазин, информираше дека планира да објави намера за целосно преземање, а за останите акции нуди 350 денари по акција.
Намерата ќе ја објави откако ќе добие дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош
Која е фирмата Сервис Петрол
Друштвото со ограничена одговорност работи од јануари 2003 година.
Станува збор за Друштво за внатрешен и надворешен промет.
Основано е од Марика Стефанова и Киро Стефанов, кои се и сопственици.
Актуелен директор на фирмата е пак Трајанче Стефанов.
Според податоци на Бизнис Мрежа, лани имала приходи од 2,8 милиони евра и добивка од 24,3 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














