Според властите на Венецуела во нападот на САД биле убиени околу 100 лица, а исто толку биле повредени.
Според тамошните власти, бројот на загинати може да се зголеми.
Претходно тие соопштија дека меѓу убиените се и 24 војници.
Од друга страна, Куба информираше дека во нападот се убиени 32. нејзини државјани, кои биле стационирани во Венецуела, а некои од нив биле телохранители на соборениот претседател Николас Мадуро.
Американската влада не информираше за бројот на жртви, а според американските медиуми се проценува дека се убиени 75 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ја презема контролата врз венецуелската нафта
Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?
Фото: Унсплеш













