Со богата музичка програма, традиционална храна и голем број на гости, свечено беше означен официјалниот старт на возобновеното „Македонско село“, во Горно Нерези над манастирот Св.Пантелејмон.
„Успешно се справивме со предизвикот да го вратиме сјајот на комплексот и истиот ќе биде вклучен во понудата за домашни и странски посетители. Договорени се средби со домашни и странски тур-оператори, со цел да ја збогатат нивната туристичка програма и да го вклучат „Македонско село“ во посетите на туристите. Странските тур-оператори да ги донесат странците, а за домашните гости ќе имаме различни културни настани кои ќе ја збогатат програмата на Скопје и со тоа ќе им се овозможи на посетители да уживаат во едно ново културно место,“ изјави Симона Милковска претставник од КСГ.
Комплексот нуди и хотелско сместување, располага со 55 соби кои се распоредени во 12 типски куќи.
Работат два ресторана, едниот е отворен за посетители од надвор, а другиот е наменет за гостите во хотелот. Во рестораните се служи традиционална македонска храна, а предвидени се и настани за нејзина дегустација.
Во секоја од типските куќи кои се со автентична архитектура на куќите во Охрид, Кратово, Тетово има и занаетчиски дуќани, во кои ќе се промовираат занаети типични за различни региони од државата.
Во моментов, вратена е автобуската линија до Горно Нерези, но се бара поголема редовност.









ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Што може посетителите да видат во „Македонско село“ во Нерези
(Галерија) Отворено „Македонско село“