Кристал 1923 со загуба во првото полугодие

ПИ Кристал 1923 АД Велес во првите шест месеци остварил загуба од 607 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во истиот период лани Друштвото имаше добивка од 11.747 илјади денари.

Остварените вкупни приходи на Друштвото за овој период изнесуваат 448.698 илјади денари и истите се зголемени за 20%.

-Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се зголемени за 36%.

Расходите за првите шест месеци оваа година изнесуваат 449.305 илјади денари и во однос на претходната година се зголемени за 24%, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести