Нова кривична за Фатмир Дехари, поранешниот градоначалник на Општина Кичево

Поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари заработи нова кривична пријава од Одделението за внатрешни работи Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А. (62) од с. Зајас, А.Н. (38) од с. Србица, Х.Б. (37) од с. Црвевци и Б.С. (36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.

Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.

На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова кривична за Фатмир Дехари, поранешниот граодначалник на Кичево

Каков имот пријавил Фатмир Дехари, градоначалникот на Кичево, кој заработи кривична оти го оштетил буџетот за 64 илјади евра

Пред избори „бомби“ за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Фото: Дехари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести