Кривична за поранешниот министер Оливер Спасовски за станицата за технички преглед во Сарај

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а сега пратеник на опозициската СДСМ заработи кривична пријава од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради основано сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластувањето“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ.

О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект- технички преглед во Општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок  не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи.

Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила, велат од таму.

Фото: Спасовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести