Да купуваме производи на “Макпрогрес“, да помогнеме да се обнови побрзо фабриката “Винчини“ и вработените да се вратат на работа

Пожарот во фабриката „Винчини„ на „Макпрогрес“ во Виница е во фокусот на јавноста и топ тема на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е “Макпрогрес“ во чија фабрика „Винчини„ имаше голем пожар

Во истиот целосно изгоре еден производствен погон на фабриката со три линии за производство и два магацини, а се хоспитализирани пожарникари и вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“

Во „Макпрогрес“ работат околу 600 лица, претежно од Виница. Менаџментот најави брзо обновување на фабриката, но како што подвлекоа од таму ќе треба време и најавија дека ќе се обидат да ги задржат сите вработени.

Најавија и намалување на цените на дел од производите за да се потикне поголема продажба.

Засега нема официјална информација за причините за пожарот, а увидот од страна на Основното јавно обвинителство Кочани е во тек.

Во меѓувреме социјалните мрежи се преполни со апели и ние граѓаните да помогнеме на различни начини побрзо да се обнови фабриката и сите вработени да останат работа. Доминира предлогот да купуваме производи на „Макпрогрес“, а може да помогне и државата со некои мерки.

Еве дел од предлозите и повиците на Фејсбук:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во дел од магацините уште тлеат жаришта, обезбедни снимки од видео-надзорот: Детали од Обвинителство за пожарот во „Винчини“

(Фото/видео) Се огласија дел од повредените во пожарот во „Макпрогрес“: „Добри сме, фала ви од срце на поддршката“

Менаџментот на „Макпрогрес“: Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа

Фото: Макпрогрес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести