(Фото) Спасено лице кое паднало во провалија кај Ливадичко езеро, има тешки повреди

Вчера е спасено лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина, кое има сериозни повреди – скршеници на раката, ногата и колкот и обилно крварење и било во животозагрозувачка состојба, информираа од македонската Армија, која учествувала во кординирана акција за негово спасување со Центарот за управување со кризи.

Лицето било евакуирано со хеликоптер ВИНГ на Армијата и е пренесено во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повредениот кај Ливадичко езеро е 57-годишен маж од тетовско село

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести